Пол Макартни се врати на врвот на топ листите, откако неговиот авторски албум се најде на првото место на американската листа, првпат после речиси четири децении.
„Egypt Station” е албум со 16 песни во кои Макартни експериментира со свеж рок звук во комбинација со класичниот звук на „Битлси“. Откако е објавен на 7 септмеври, албумот во САД е продаден во 153.000 примероци.
Англиската музичка легенда, кој на свои 76 години има многу густ распоред на турнеи, не се штедеше на промоцијата на албумот, гостувајќи во телевизиски програми во доцните часови и во живо емитивајќи концерт од станицата „Гранд Централ“ во Њујорк.
Албумот во неговата родна Британија дебитираше на трето место на листата со која втора недела по ред доминира американскиот рапер Еминем со албумот „Kamikaze“.