Пол Макартни одржа концерт на њујоршката станица Гранд сентрал

Меѓу гостите кои можеа да се видат на овој невообичаен концерт на Макартни имаше многу познати личности како Џон Бон Џови, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Ленон и други.

698

Патниците кои синоќа беа на њујоршката станица Гранд сентрал на Менхетен имаа можност во живо да го слушаат концертот на еден од основачите на легендарните „Битлси“, Пол Макартни.

Концертот можеше да се следи и преку интернет, а патниците на станицата можеа да го слушаат Макартни како во живо ги изведува песните, но без да го видат. Легендарниот музичар настапуваше позади голема црна завеса, а само избрани гости можеа да присуствуваат во одвоениот дел.

Меѓу гостите кои можеа да се видат на овој невообичаен концерт на Макартни имаше многу познати личности како Џон Бон Џови, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Ленон и други.

На станицата Гранд сентрал 76-годишниот Макартни изведе 24 песни снимени во текот на неговата 50-годишна кариера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...