Десетици илјади Полјаци се собраа во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник на овој град, Павел Адамович.
Погребното возило што го носело ковчегот на Адамович го следеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.
На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск, Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.
Претходно денес околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.
Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница.