Роксана Венгер од Полска со песната „Anyone I want to be“ победи на овогодинешната „Детска Евровизија“.
Нашата претставничка, Марија Спасовска, заврши на 12. место.
Учествуваа 20 земји, а во трката за победник беа и Франција и Австралија.
Македонија најдобар пласман имаше во 2007 година со песната „Динг Динг Донг“ на Росица Кулакова и Димитар Стојменовски, со која го зедовме 5. место со освоени 111 поени. Во 2008 година, Боби Андонов со песната „Прати ми СМС“ заврши исто така на 5. место, но со 93 поени.
ФОТО: eurovision.tv