„Полска низ фотографии“ во Домот на градежници

108
„Полска низ фотографии – пред очите на македонската јавност“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечерва во Домот за култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) во Скопје.
Изложбата е резултат на соработката меѓу корисничките групи „Викимедија Полска“ и „Споделено знаење“ од Македонија, во чест на одбележување на јубилејот на 100-годишнината од возобновувањето на независноста и државноста на Полска.
Претставени ќе бидат 20 слики од природата и од историски градби и знаменитости во Полска кои се дел од полското заштитено природно и културно наследство, а се дело на корисниците на Викимедија и Википедија на полски јазик, од кои поголемиот дел учествувале како најдоброоценувани фотографии на фотографските натпревари „Вики ја сака земјата“ и „Вики ги сака спомениците“.
На отворањето ќе се обрати амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Војчех Тичињски.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...