Полската авиoкомпанија ЛОТ ќе лета два пати неделно од Варшава за Охрид?

На интернационалниот саем за туризам „TT Warsaw” и оваа година се присутни 53 држави, 136 туроператори, 450 изложувачи.

138

Три домашни тур-оператори организирани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 21-ви до 23-ти ноември ја претставуваат туристичката понуда на државата на интернационалниот саем за туризам „TT Warsaw” во Полска.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот македонскиот штанд го  посетуваат голем број на тур-оператори и хотелиери.

Се очекува бројот на полски туристи кои ја посетиле земјава ќе продолжи да расте, односно до 2021 година очекувањата се дека ќе се надмине бројката од 40.000 туристи, или раст од 20% до 30%.

„Интерес има и од полските туристички блогери, кои во моментов претставуваат значајна алка во синџирот на медиумска промоција, а веќе е најавена и посета за април 2020 година. Новите атракции и туристички понуди, несомено буди огромен интерес, кој нашата држава ја става во центарот на вниманието. Кружните тури низ државата и посета на Преспа, Битола, Охрид, Скопје и Дојран, како и винскиот регион, сè повеќе го будат интересот на полските туристи“, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Во рамки на саемската манифестација се одржа и состанок со полската авиокомпанија ЛОТ на кој се промовирани плановите за 2021 година. Предложено е авиолинијата на релација Варшава-Охрид да прерасне во редовна линија, два пати неделно во текот на целата година.

На интернационалниот саем за туризам „TT Warsaw” и оваа година се присутни 53 држави, 136 туроператори, 450 изложувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...