Половина од богатството му „дава“ на поранешниот сопруг, и тоа само поради една работа

Адел и Симон се запознале во 2011 година благодарејќи на заедничкиот пријател, пејачот Ед Ширан.

2127

Британската пејачка Адел ќе мора да го подели своето богатство на половина, односно милиони од нејзината банкарска сметка ќе му припаднат на наскоро нејзиниот наскоро поранешен сопруг.

Адел и Симон се запознале во 2011 година благодарејќи на заедничкиот пријател, пејачот Ед Ширан. Потоа Адел ја доживеала својата огромна професионална експлозија, благодарејќи на објавувањето на својот втор албум под називот „21“, кој доживеа голем меѓународен успех.

Парот во октомври во 2012 година го доби и синот Анџел, а во 2016 стапија во брачна заедница, што пејачката одлучи да им го открие на фановите во текот на еден настап во Австралија.

Според наводите на британските адвокати во магазинот „The Times”, се чини дека Адел и Симон не потпишале предбрачен договор за поделбата на имотот, што се покажало како голема грешка.

Според тие исти извори, се проценува дека богатството на пејачката преминува сума од 160 милиони евра и оти Адел половина ќе мора да подели со својот партнер.

Не изгледа како тоа да е голема грижа за Адел. Таа има три студиски албуми (под имињата „19“, „21“ и „25“) кои ја направија една од најбогатите жени во музичката индустрија во Велика Британија.

Во 2016 година, таа беше на врвот на листата на најуспешни луѓе под 30 години во својата земја. Тоа беше пред три години, а тогаш нејзиното богатство беше проценето на 106 милиони.

Меѓутоа, треба да се истакне дека Адел е со скромно потекло и оти ја одгледала самохрана мајка во еден стан, без никаков комфор и луксуз. Адел е приземна и скромна личност, како што често наведуваат луѓето кои ја познаваат и кои соработуваат со неа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...