Полицијата се обидува да преговара жената да биде ослободена.
Поради заложничката криза затворена и евакуирана е железничката станица, која е една од најголемите во Германија, како и плоштадот зад станицата.
– Во контакт сме со мажот. Мораме да дознаеме што сака, кои се неговите барања и дали е вооружен – изјави портпаролот на полицијата Кристоф Гилес.
Тој додаде дека специјално обучени полицајци преговараат со киднаперот, кој не е идентификуван, а не се познати ниту мотивите.
– Правиме се заложникот да биде извлечен неповреден – посочи Гилес.
Претходно, германскиот магазин „Фокус“ објави дека на железничката станица се слушнале истрели, но полицијата соопшти дека не располага со такви информации.