Полицијата во американската сојузна држава Ново Мексико спаси 11 прегладнети деца, кои живееле во напуштен објект во пустина
Децата на возраст од една до 15 години немале чевли, носеле крпи и „изгледале како бегалци од земјите од третиот свет”, соопшти Канцеларијата на локалниот шериф.
На самото место имало и петмина возрасни, од кои двајца мажи биле вооружени.
Полицијата го пребара објектот откако доби порака: „Ние сме гладни, ни треба храна и вода”.
Сè уште не е познато како групата завршила во објект на Амалија.
Полицијата го опиша објектот како мала подземна приколка, покриена со пластика, без вода и електрична енергија.
Шерифот на округот Таос, Џери Хогреф, за Еј-Би-Си Њуз изјави дека децата се гладни, жедни и валкани.
– Полицаец сум веќе 30 години. Никогаш не сум видел такво нешто. Тоа е неверојатно- рече тој.
ФОТО: Полиција