Со солзавец турската полиција го растури протестот по повод Меѓународниот ден на жената во Истанбул на кој имаше повеќе од илјада луѓе.
Протестот бил на плоштадот Таксим, а стотици припадници на полицијата на демонстрантите им го блокирале патот за маршот да не продолжи по главната авенија.
Граѓаните носеле транспаренти на кои пишувало „Феминистички револт против насилството на мажите и сиромаштијата“ и „Родена сум слободна и ќе живеам слободно“. Голем број од жените носеа виолетова облека, како симбол на движењето за правата на жените.