Полицијата на Португалија со истрага за пожарите во кои се повредени 20 лица

31

Силниот ветар и сушата синоќа го отежнаа гаснењето на пожарот кој од саботата гори во планинско подрачје во централниот дел на Португалија.

Министерот за внатрешни работи Едуардо Кабрита соопшти дека португалската криминалистичка полиција покренала истрага за пожарите и додаде дека на локалните власти им било чудно што сите пожари почнале меѓу 14:30 и 15:30 часот по локално време во исто подрачје.

Противпожарните единици досега успеале да совладаат 60 проценти од огнот, но силните ветрви и температурата од 35 степени Целзиусови, го отежнуваат гаснењето на простанатите пожари.

Во огнената стихија се повредени 12 цивили и осум пожарникари.

Во пожари во Португалија во 2017 гдина загинаа стотина луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...