Непознат маж се заканувал со нож во катедрала во Берлин денеска околу 16 часот. Полицијата го застрелала во нога.
Германските медиуми пренесуваат дека е застрелан германски државјанин и дека полицаецот го погодил во нога „поради неговото дивјачко однесување“. Тој наводно имал нож поради што завладеала паника меѓу посетителите во катедралата.
Според снимките на социјалните мрежи се гледа дека полицијата ја блокирала целата област, а пред катедралата се наоѓа и амбилантно возило.
фото: EPA