Во обид да ја спречат денешната ескалација на насилството на демонстрациите во Хонг Конг, полицијата по првпат пукаше со несмртоносна муниција кон насобраните.
Западните медиуми пренесуваат дека еден од демонстрантите бил погоден в гради и му била укажана лекарска помош додека лежел на улица, облеан во крв.
Претходно полицијата пукаше и со гумени куршуми, при што се повредени најмалку 15 лица.
Полицијата прво испукала неколку предупредувачки истрели кога демонстрантите почнале кон нив да фрлаат цигли и молотови коктели. Полицијата испука и солзавец и користеше топови со вода, а меѓу повредените има и претставници на медиумите.
„Гардијан“ информира дека демонстрантите ги уништуваат седиштето на администрацијата и метро станиците со создавање на барикади.