Полициски кучиња беа испратени во пензија со црвен тепих и со химна

440

На црвен тепих и со интонирање на националната химна во Еквадор беа испратени во пензија 61 полициско куче.

По неколку години поминати во откривање дрога повеќето пензионирани кучиња ќе бидат вдомени од страна на нивните поранешни дресери.

Останатите ќе живеат во семејства, кои изразиле подготвеност да им овозможат достоинствен пензионерски живот.

Полициските кучиња во Еквадор просечно се ангажирани по девет години и главно помагаат во пронаоѓање кокаин.

Меѓу пензионираните на денешната церемонија имаше и 16 кучиња, кои помагаа во пронаоѓање на жртвите под рушевините по земјотресот од 2016 година во кој загинаа над 600 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...