Политичката ситуација во Габон е „под контрола“ по обидот за воен удар, изјави портпарол на Владата, пренесува Би-Би-Си.
Сите петмина бунтовници кои се обиделе да ја преземат власта се уапсени.
Претходно на програмата на државната телевизија на Габон се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар со цел, како што тврдеа, враќање на демократијата.
– Владата функционира. Институциите функционираат – изјави портпаролот на Владата Гај-Бертранд Мапангоу.
Претходно на државната телевизија се појави војник кој прочита соопштение во кое се наведува дека армијата ја презела контролата врз Владата.
Би-Би-СИ јави дека жителите на Либервил изјавиле дека на улиците во градот има тенкови и вооружени возила.
Претседателот на Габон Али Бонго, кој на функцијата е од 2009 година, е вон земјата од октомври, а постои сомнеж дека доживеал мозочен удар. Тој на жителите на Габон им испрати новогодишна порака од болница во Мароко што ги поттикна сомнежите во неговата способност да продолжи да ги извршува своите обврски, истакна поручникот Кели Ондо Обианг кој се претстави како командант на Републиканската гарда и предводник на самопрогласеното Патриотско движење за одбрана и безбендосни сили на Габон