Политичари на отстрел – Во една година во Мексико убиени 175

Покрај убиствата, забележани се уште 850 напади врз политичари.

79

Во изминатите 12 месеци во Мексико биле убиени 175 политичари, соопшти аналитичката агенција Етелект.

Покрај убиствата, забележани се уште 850 напади врз политичари, особено во пресрет на изборите во јули.

Но, и по изборите пресметките продолжуваат – во изминатите два месеци биле убиени 21 политичар, а забележани се уште 63 политички мотивирани напади.

Последниот ваков напад е убиството на штотуку избран градоначалник во северната област Чиуауа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...