Поленот веќе хара, помагаат коприва, камилица…

Кога алергијата ќе се појави, се спроведува вообичаената терапија со антихистаминици, капки за нос кои го намалуваат едемот на слузницата на носот и го олеснуваат дишењето.

338

За што полесно да ги поднесете симптомите кои ги следат поленските алергии, добро е пред сезоната телото да го зајакнете со храна богата со витамините Ц, Е и групата Б.

Кога алергијата ќе се појави, се спроведува вообичаената терапија со антихистаминици, капки за нос кои го намалуваат едемот на слузницата на носот и го олеснуваат дишењето, а во случај на поинтензивна кашлица или отежнато дишење во терапијата се воведуваат и бронходилататори (лекови проитв спазам на бронхиите) и експекторанси (за искашлување). Но, врз основа на долгогодишното искуство со пациентите, лекарите препорачуваат и терапија со билки: чај од коприва, камилица, слез, невен, шипинки и хибискус, базга. Овие билки ги поттикнуваат одбранбените сили на организмот, дејствуваат противвоспалително и противалергиски.

Чајот и капките врз основа на невен, имела, коприва, камилица и бреза ја чистат крвта од алергени, ја намалуваат и смируваат хистаминската реакција, која доведува до алергија, и го креваат имунитетот, а може да се користи така што во литар чај се додава од 50 до 150 капки билна тинктура и се пие во текот на денот. Тука спаѓа и маслото од црн ким, кој дејствува како имуномодулатор, односно го урамнотежува работењето на имунолошкиот систем. Маслото од црн ким (изворно се нарекуваNigella sativa) сè повеќе се покажува како одличен препарат за сузбивање на алергиите. Но, пред употребата секако треба да се консултирате со надлежниот лекар.

Моќната ехинацеа
Но, црниот ким не е како ехинацеата, која брзо ги крева имунолошките ресурси, па потребно е подолга употреба (барем два-три месеци) за да има вистински ефект. Накратко, добро е да почнете да го користите два-три месеци пред сезоната на поленските алергии.

Чај против алергии
Измешајте 10 грама цвет од камилица, плод од анисон, лист нане и по 5 грама невен и цвет од црн слез. На литар ладна вода додадете 2 супени лажици чај. Кога ќе заврие, оставете го умерено да врие една минута. Ставете на страна 5 минути, па процедете. Испијте во текот на денот.
И белиот слез го чисти носот
Носот може да се чисти со билни капки на база на корен од бел слез: 2 лажички слез потопете преку ноќ во шолја ладна вода, наутро процедете и од препаратот ставајте капки во носот, обилно и што почесто.

Физиолошки раствор
Во малку зовриена вода растворете пола лажичка сол и мошне малку сода бикарбона и со помош на шише за капки за нос, испуштете неколку капки во носот.

Олеснување од камилица
Веќе воспалените ноздри поминете ги со марамче натопено во изладен чај од камилица и премачкајте со маст од жалфија и прополис (со услов да не сте алергични на прополис и другите билки).

Чајот од коприва го намалува телесното производство на хистамините. Копривата содржи многу хранливи материи, па и железо. Додадете неколку капки од лимон за железото што подобро да се апсорбира. Тоа ќе го зајакне имунитетот и ќе ја олесни борбата против алергените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...