Пола град се насрка чорба и влезе во Гинис

Претставниците од Гинис велат дека чорбата, покрај тоа што е огромна, била и прилично вкусна.

106

Во градот Јамагата во северна Јапонија е поставен светски рекорд за најголема чорба. Таа се послужуваше осум часа и нахрани половина град, а присутните официјални лица на Гинисовата книга на рекорди ја внесоа меѓу рекордите соборени во 2018 година.

Во казанот, пак, завршија три тони компири, два тона јунешко месо и вреќи локални зачини. Чорбата некако успеаја да ја мешаат рачно, но проблемот беше како да се послужи од олкав сад? Секако, со тешка машинерија, па во помали казани, па во чинии и така имаше чорба за речиси 13.000 луѓе. Дојде доста голем дел од жителите на градот, оти не е мала работа да се влезе во историјата со најголемата чорба на светот.

Чорбата постојано беше дополнувана и догревана, па од казанот се јадеше цели осум часа. Претставниците од Гинис велат дека чорбата, покрај тоа што е огромна, била и прилично вкусна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...