Поларниот студ во САД одзеде најмалку 12 животи

81

Поради студениот бран, што го погоди американскиот среден запад и донесе рекордно ниски температури починаа 12 луѓе. Некои од жртвите настрадаа во сообраќајни несреќи, додека други починаа од промрзнување.

Студениот бран денеска се прошири и на североисточниот дел на САД. Според метеоролозите за викендот се очекува зголемување на температурата на воздухот.

Во делови на американската сојузна држава Илиноис денеска беа измерени минус 36 степени Целзиусови, а во делови од Северна Дакота минус 30, а во Минесота и во делови од Мичиген минус 29 степени.

Во делови од Висконсин, Минесота, Мичиген, Илиноис и Ајова поради ниските темеператури училиштата се затворени.

Поларниот стуид предизвика стотина сообраќајни несреќи, а исто така беа откажани над 2.500 летови, а најмалку 3.500 летови беа одложени, од кои најголем број од аеродромот во Чикаго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...