Полански: Движењето „И јас“ е колективна хистерија

262

Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „И јас“ (Me too), кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“.

Полански ова го изјави за полското издание на „Њузвик“, во интервју кое го даде само неколку дена откако беше исфрлен од американската Филмска академија по 50-годишно членство, и тоа за случај од 1977 година во кој се изјасни виновен за сексуален однос со малолетничка.

Според него, луѓето кои го поддржуваат ова движење го прават тоа воглавно од страв и го спореди со севернокорејските лидери за кои наведува дека се толку интензивни „што не можеш да престанеш да се смееш“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...