Против познатиот хрватски пејач Тони Цетински е покренато обвинение поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици во ноември 2017.
Според Државното обвинителство во Пула, на обвинетиот му се товари несреќата што ја предизвикал на 3 ноември 2017 во Ровињ и кога на кривина во тесна уличка со голема брзина прегазил човек. Се товари дека влегол во кривината без да биде сигурен дали може да помине на безбеден начин во еднонасочната уличка.
Тој е обвинет дека не обрнал внимание на пешак кој лежел на улицата и поминал преку неговото тело, при што загинал 62 годишниот Ибрахим Кевљанин од Ровињ.
Вештачењето на целиот настан траело многу долго за да се утври со сигурност дали Кевљанин седел , лежел или ползел по уличката и дали бил во алкохолизирана состојба.
Цетински на тоа изјави дека не возел брзо со својот Мерцедес , зашто тоа е неможно во тесната уличка.