Покрената истрага против Гуиадо поради прекинот на електрична енергија

73
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Државниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Саб денеска изјави дека покренал истрага против опозицискиот лидер Хуан Гуаидо под сомнение дека е вмешан во нападот врз системот за снабдување со електрична енергија.

Саб додаде дека прекините во снабдувањето со електрична енергија довело до зголемено насилство и кражби.

Прекините во снабдувањето со електрична енергија почнаа на 7 март, поради што поголемиот дел од земјата остана во мрак.

Претходно, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го обвини претседателот на САД, Доналд Трамп за кибер саботажа која доведе до прекин во снабдувањето со  електрична енергија.

– Доналд Трамп е најодговорен за кибер напад врз венецуелскиот електроенергетски систем – изјави синоќа Мадуро, додавајќи оти таква технологија поседува само Владата на САД.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...