Поклопка на шахта „Made in Yugoslavia“ во Абу Даби

Секој барем еднаш некаде, на некој предмет или производ, го забележал пред неколку децении честиот натпис „Made in Yugoslavia“.

153

Секој барем еднаш некаде, на некој предмет или производ, го забележал пред неколку децении честиот натпис „Made in Yugoslavia“.

Иако тој натпис се уште може да се сретне на просторот на поранешните републики на СФРЈ, малкумина очекуваат дека остатоци од тоа време се уште постојат во далечните Обединети Арапски Емирати.

На една фотографија, која се споделува на социјалните мрежи, е прикажана поклопка на шахта снимена на улиците на Абу Даби, на која како производител е втисната Југославија.

Корисниците на социјалните мрежи, кои ја коментирале фотографијата, велат дека се потсетиле на квалитетот на производите на југословенската индустрија.

Одличен доказ за тоа е токму фактот што поклопката на шахтата, речиси 30 години по распаѓањето на државата во која е произведен, ја извршува својата функција во градот со огромна фреквентност во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...