Познат руски кардиохирург тврди: Појадокот е зло, дајте му го на непријателот

Кардиохирургот Лео Бокерија, познатиот советски и руски кардиохирург, професор и академик во Руската академија на науки и Руската академија на медицински науки, тврди дека сѐ што сме знаеле за здравата исхрана е лага.

2440

Според зборовите на познатиот советски и руски кардиохирург, професор и академик во Руската академија на науки и Руската академија на медицински науки, главен кардиохирург на Министерството за здравство на Руската Федерација, ја побил идејата за традиционални диети. Според неговите зборови, сѐ што сме знаеле за здравата исхрана е лага.

„Изреката: Појадокот изедете го сами – е целосна бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работна состојба, а вие седнувате на маса и јадете полна чинија, корпа леб и сѐ ќе залиете со чаша некој напиток…Одите на работа со преполн стомак. Тогаш сте тешки и сами на себе…

Кога соработувавме со Американците, тогаш забележав дека големи хирурзи наутро во најдобар случај ќе испијат шолја кафе. Дури на пладне јадат еден сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмараат…

Значи појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крајот прошетајте пред спиење или вежбајте.

По моето искуство луѓето кои така живеат – живеат долго и здраво“.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...