Познат глумец пронајден мртов во својот стан

1141

Глумецот и комичар Броди Стивенс (48) е пронајден мртов во Лос Ангелес, пренел „Њујорк Пост“.

Ѕвездата на филмовите „Hangover” и „Due Date”, според се судејќи, се убил во петокот, а полицијата објавила дека веројатна причина за смртта е „самоубиство со бесење“.

Телото на Броди било најдено синоќа, а полицијата води истрага која започнала со разговор со неговото семејство.

Броди кој играл полицаец во филмот „Hangover”, бил постојан изведувач во најпознатите клубови на Западниот брег на САД.

Неговиот агент ја дал следната изјава за медиумите:„Броди беше глас на инспирација, пријател на многу во заедницата на комичари. Ги поместуваше креативните граници, а неговата страст кон работата и љубовта кон безболот беа заразни. Многумина го сакаа и на многумина ќе им недостасува“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...