Познатиот хрватски актер загина вчера, брат му го убија и фрлија во септичка јама пред две години

Од актерот на сплитското ХНК, кој оствари улоги и во филмовите „Верувам во ангелите“, „Прости за кунг фу“, „Да бев ајкула“, се простуваат многубројни колеги.

4345

Хрватски актер Јосип Зовко (48) загина вчера во тешка сообраќајна несреќа кај местото Грудско Врило во БиХ. Од актерот на сплитското ХНК, кој оствари улоги и во филмовите „Верувам во ангелите“, „Прости за кунг фу“, „Да бев ајкула“, се простуваат многубројни колеги.

Во судирот учествуваа две возила, а возачот на другото возило е пренесен во болница во Мостар.

За жал, ова не е единствената трагедија која го снајде семејството Зовко во последните две години. Во 2017 година, неговиот брат Анте беше убиен во Макарска и фрлен во септичка јама, каде што бил пронајден 40 дена откако било пријавено неговото исчезнување.

46-годишниот Анте, кој бил трговец со автомобили, беше ликвидиран од страна на бизнис-партнерот, кој неговото тело го фрли во септичка јама.

Неговиот партнер и убиец неколку дена пред да го најдат безживотното тело на Анте, се самоубил. Неколку дена по самоубиството, полицијата ги склопила делчињата од мозаикот и го пронашла телото на убиениот Анте.

ФОТО: Privatеn album/HNK Split

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...