Пожар принудно приземји турски авион во Загреб

179

Турски авион, поради пожар, окoлу 15 часот принудно слета во Загреб. Според хрватските медиуми, станува збор за авион што летал од Истанбул за Париз.

Загрепските пожарникари потврдиле дека излегле на терен со шест возила по пријавата дека има пожар во авионот. Според нив, нема повредени и сите патници се навреме евакуирани.

Според првичните информации, станува збор за авион од типот „боинг 737“ на турската компанија „Пегасус ерлајнс“.

– Добивме барање за итно слетување, авионот слета без проблеми на аеродромот и сега сѐ е во ред – изјави портпаролката на аеродромот, Лидија Цапковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...