Стан се запалил утрово околу 10 часот во една од зградите „близначки“ во населбата Карпош 4 во Скопје, објави Слободен печат.
Станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од плинска боца. Од запалениот стан пожарнирите со крајни маки успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош.
Голем дел од станарите се евакуирани од зградата, а пожарникарите до овој момент не успеваат да се справата со огнените јазици, токму поради сложената пристапност на зградата.
ОБНОВЕНО Во пожарот изгоре стан на најгорниот кат, а сопственикот на станот, на кој откако беше извлечен му беше укажана прва помош на лице место, е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад.
Засега нема официјални информации за тоа, дали пожарот е предизвикан од плинска боца.