Во станбена зграда во центарот на Скопје, позната како „папагал“ зградата на булеварот Свети Климент Охридски, вечерва во 20.30 часот изби пожар.
Од Скопската противпожарна бригада информираат дека пожарот е ставен под контрола. Засега нема информации дали има повредени во пожарот, а неофицијално, причина е плиснка боца.
Сообраќајот во тој дел од градот беше блокиран додека пожарникарите се бореа со пламените јазици.