Пожар во музејот за ретки ракописи во Сент Луис

38

Во музејот за ретки ракописи во американскиот град Сент Луис избувна голем пожар, а состојбата на документите, кои се од непроценлива важност, се уште не е позната.

Во пожарот никој не е повреден, иако се урнал вториот кат од сто години старата зграда.

Се уште се истражува причината за пожарот.

Локалните медиуми објавија дека во музејот претходно биле изложени библијата на Гутенберг, првиот нацрт на американската Повелба за правата и рачно пишуваното писмо на Кристофер Колумбо, во кое ги опишува бреговите на Америка.

Околу 80 пожарникари два часа се обидуваа да го изгасат пожарот во музејот, соопшти противпожарната служба на Твитер.

Засега не е познато што се се наоѓало во музејот во моментот кога избувнал пожарот.

Музејот е изграден како место во кое ќе се чуваат најголемите приватни колекции на оригинални ракописи во светот, бидејќи неговата колекција се разменува меѓу десетина музеи ширум САД.

Пожарникарите се обиделе да изнесат од музејот кутии, статуи и други предмети. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...