Пожар избувна попладнево во Министерството за внатрешни работи на Франција, поради што се евакуирани вработените и присутните во дел од зградата, јави дописникот на МИА.
Според француските медиуми, неколку противпожарни возила интервенирале за гаснење на пожарот околу 16:15 часот.
По интервенцијата на пожарникарите, вработените во Министерството се вратија на своите работни места.
Причините за пожарот и предизвиканата материјална штета засега не се познати.