Пожарот во Калифорнија продолжува да се шири

Најтешко погоден е градот Рединг, а зафатени се вкупно 36.000 хектари и изгореа над 500 објекти.

58

Над 12.000 пожарникари се борат со големиот шумски пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, во блзина на градот Рединг и кој досега однесе шест животи.

Силните ветрови и сушното лето создадоа услови за натамошно ширење на пожарот и покрај напорите на пожарникарите.

– Временските услови во областа на пожарот понатаму се поволни за негово ширење – соопшти американската Национална метеролошка служба.

Американските власти вчера информираа дека во пожарот загинала постара жена со нејзините две правнучиња. Двајца пожарникари и уште еден граѓанин исто така загинаа во пожарот, а по седум лица се трага.

Најтешко погоден е градот Рединг, а зафатени се вкупно 36.000 хектари и изгореа над 500 објекти.

Пожарот кој се шири во националниот парк Јосемити, пак, е веќе под контрола во една третина од површината на која што се прошири. Овој пожар се шири од 13 јули и досега изгоре над 20.000 хектари земјиште, и уби еден пожарникар.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...