Во пожар што попладнево избувна во барака во скопската населба Трнодол има една жртва. Телото е пронајдено при расчистување на остатоците од пожарот.
– Пожарот е изгаснат пред околу 20 минути. Дел од пожарникарите кои останаа на терен да го расчистат теренот го пронајдоа телото – изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Владимир Симоновски во изјава за МИА.
Пожарот беше пријавен во 14 часот, а Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше со пет возила и 14 пожарникари.
Причините за настанување на пожарот ќе бидат познати по извршениот увид.