Поетско читање во чест на Блаже Конески

68

Во Друштвото на писателите на Македонија вечер од 19 часот ќе се одржи поетско читање во чест на Блаже Конески (1921-1993), насловено „Јазикот е нашата татковина“.

Песни од Конески и свои песни ќе читаат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.

Во Прилеп и Небрегово, родното место на Конески, вчера беа одбележани 98 години од неговото раѓање (19 декември 1921). Блаже Конески е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик и книжевник – поет, прозаист, есеист, по кого е именуван и Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...