Поетски портрет на Радован Павловски во рамки на научната визита на МАНУ

160

Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во научниот и уметнички центар Куќа на Уранија –  МАНУ во Охрид, вечер, ќе се одржи „Поетски портрет на академик Радован Павловски”.

Радован Павловски е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Белград и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Во творештво на Павловски, полно со метафори, претставена е македонската земја, народ, култура и историја.

Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговите родители, таткото Павле и мајката Достана, кои потекнуваат од македонското село Железна Река, Гостиварско, се враќаат во родното место, каде Радован го поминува своето детство. Таму завршува основно образование, а средното образование во Гостивар. Потоа студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Својот живот го посветува на поезијата. Од појавата на првите песни до денес, неговото творештво го поврзуваат со македонскиот идентитет, со битието на древниот, сегашен и иден македонски народ и нација. Неговата поезија е специфична во својата метафорика, со изграден посебен култ кон сликата, кон природата, кон навраќање на стварниот и замислениот свет на поетовиот роден крај, Железна Река.  Секоја песна, длабоко произлегува од неговиот живот, од неговата врска со сите времиња на сопствениот народ и неговото битие. Движејќи се по своите патишта, тој во творештвото не само што се открива себеси, туку и македонскиот народ, кој како вечен мит од најдревните времиња до денес, па и во иднина ќе биде светла точка на светската историја.

Добитник е на републичките награди: „Браќа Миладиновци” (1965), „11- ти Октомври” (1971), „Кочо Рацин” (1991) и „Ацо Шопов” (1995), како и на повеќе меѓународни признанија.

Поезијата на Радован Павловски е преведувана на околу 50 јазици, меѓу кои на англиски, арапски, грчки, германски, италијански, кинески, руски, француски и шпански јазик, а застапена е и во многу антологии на современата македонска, европска и светска поезија. Во 2006 година е избран за редовен член на МАНУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...