Поевтинување на роамингот на средба на регулаторите од регионот

Целта е да продолжи соработката, размената на информации и натамошните мерки со цел корисниците на електронски комуникациски услуги од овие четири држави да можат да ги користат услугите по поповолни услови и цени.

98

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе се одржи работен состанок со претставници од регулаторните тела за електронски комуникации од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Посебен фокус ќе биде посветен на резултатите од досегашните активности за роаминг услугите како и следните чекори кои што ќе се преземат за поевтинување на роаминг и меѓународните разговори“, соопшти АЕК.

Како што стои во соопштението, целта е да продолжи соработката, размената на информации и натамошните мерки со цел корисниците на електронски комуникациски услуги од овие четири држави да можат да ги користат услугите по поповолни услови и цени.

Од 2014 година до сега регулаторите на четирите држави договорија намалување на цените во роаминг на повиците за 83,5 отсто, на СМС за 70 отсто и на интернетот за 94,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...