Поевтинуваат потрошувачките кредити

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за заштита на потрошувачи во кој планира да ги обврзе банките и  финанските друштва кои нудат кредити на граѓаните да ги намалат трошоците при одобрување на кредити.

544

Граѓаните во иднина помалку ќе плаќаат при аплицирање за потрошувачки кредити. Министерството за финансии подготвува измени на Законот за заштита на потрошувачи во кој планира да ги обврзе банките и  финанските друштва кои нудат кредити на граѓаните да ги намалат трошоците при одобрување на кредити.

Во краткиот опис на потребата од измени на Законот, објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) се наведува дека давателите на потрошувачки кредити на граѓаните им пресметуваат и наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата.

„Со цел граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити“, стои во образложението за измените.

Во прилог на поевтинување на потрошувачките кредити е и неодамнешната одлука на Народна банка на Република Македонија да ја намали казнената камата за 0,25 процентни поени, при што ја сведе на 11 проценти. Оваа каматна стапка е битна за граѓаните зашто таа е и највисоката која една банка може да ја определи за кредитите што им ги дава. Оваа највисока дозволена камата за кредитите на домаќинствата најчесто се применува на потрошувачките кредити и на кредитните картички.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...