Поевтини повици и пораки во земјите на ЕУ

Во моментов повиците од роаминг кон домашната мрежа не се наплаќаат. Но, обратно, повиците од од домашната мрежа кон други европски земји предизвикуваат значителни трошоци.

189

Телефонските оператори во земјите на Европската унија од утре нема да наплаќаат повисока цена од 19 центи за минута за разговори и 6 центи за текстуални пораки. Стапува на сила одлуката на Европскиот парламент од 14 ноември.

Оваа одлука се очекува значително да ги намали телефонските сметки на Европејците кои комуницираат преку границите.

Во моментов повиците од роаминг кон домашната мрежа не се наплаќаат. Но, обратно, повиците од од домашната мрежа кон други европски земји предизвикуваат значителни трошоци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...