Поевтинија горивата

Новата цена на „еуросупер БС – 98“ ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар „еуросупер БС-98“, 62,5 денари на „еуродизел (Д-V)“, a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

247

За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС – 98“ ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар „еуросупер БС-98“, 62,5 денари на „еуродизел (Д-V)“, a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголемува за 0,305 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 38,548 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...