Под ледникот на Гренланд откриени 56 езера

271

Научници од универзитетите во Ланкастер, Шефилд и Стeнфорд во Велика Британија откриле 56 досега непознати езера под ледникот на Гренланд. Стручните лица сметаат дека тие содржат остатоци од живи организми, кои живееле во екстремни услови, пишува Phys.org.

Според истражувачите, гренландските езера се помали по површина од сличните водени пространства на Антарктикот, но тие почесто се среќаваат во природата, отколку што се сметаше претходно.

Езерата биле откриени со помош на радар на авион, којшто минал вкупно 500.000 километри. Зафатнината на тие води се проценува на 2.800 кубни километри.

Должината на езерата се движи од 0,2 – 5,9 километри. Повеќето од нив се најдени под бавнодвижечки мраз, далеку од постабилните подрачја на Гренланд.

Претходно, на 22 јуни, американските медиуми јавија за џиновски воден слој откриен на североисточниот брег на САД, солена вода, која содржи порозни седименти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...