Калориите што се внесуваат со брзата храна не е нималку добра работа, но нутриционистката Емили Филд советува наместо да ги броиме калориите, да се обрне повеќе внимание на самиот состав на храната што ја јадеме.
Таа наведува дека е важно оброците да бидат урамнотежени и дека храната не треба да се дели на добра и лоша.
– Протеините се гориво за вашите мускули и подолго ќе ве држи сити, додека јаглехидратите ви даваат енергија, а мастите помагаат во апсорпцијата на витамини и минерали. Избалансиранниот внос на овие три компоненти во храната ќе го намали прејадувањето и ќе имате поголема контрола над чувството на глад – објасни Филд.
Така, според неа, подобро е да се изедат два хамбургери наместо еден хамбургер со помфрит. Имено, компирчињата како замена за „другиот хамбургер“, го удвојува вносот на протеини, а ги намалува мастите и јаглехидратите.
Таа додаде дека брзата храна и онака е богата масти и јаглехидрати, а има помалку протеини, па ова ќе помогне во одржувањето на потребното ниво на шеќер во крвта.
Хамбургерот во себе содржи околу 40 грама јаглехидрати, 17 грама белковини во месото и 10 грама масти, додека порција помфрит има ист број калории како хамбургерот, но содржи многу масти и јаглехидрати – а, мошне малку протеини.