Подготвуван атентат врз Макрон

1049
Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

Француските безбедносни служби уапсија шест лица во рамки на прелиминарната истрага под сомнеж дека планирале напад врз претседателот на Франција Емануел Макрон, информира извор близок на истрагата.

Изворот наведува дека уапсените се осомничени дека имале „непрецизен и недоволно разработен“ план за извршување „насилни акции“ врз Макрон.

Францускиот канал БФМ ТВ претходно објави дека се уапсени шест припадници на француската ултрадесница во рамки на истрагата заради закана упатена кон претседателот на државата.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...