Подготвуваат ли Рама и Тачи план против Харадинај?

996

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска се сретнал со косовскиот претседател Хашим Тачи во кафуле во Тирана, објави порталот „Албеу“.

– Во последно време Рама и Тачи често се среќаваат бидејќи се очекува Косово да го потпише договорот со Србија. Медумите пренесуваат дека Рама го подржува Тачи, кој секогаш е во служба на Србија, додека Рамуш Харадинај, Кадри Весели и Фатмир Лимај се против него. Причината е 100 процентната такса воведена за српските производи и идејата за корекција на границите – истакнува „Албеу“.

Истиот извор наведува дека Тачи бара од Харадинај повлекување на одлуката за таксите, но е за корекција на границите. Харадинај, пак поддржан од Весели и Лимај не се откажува од  таксите за српските артикли. Тројцата  исто така едногласни се против промена на границата.

Не се знае дали и Рама ќе го притисне Харадинај за укинување на таксата за српските прозводи, знаејќи ја поддршката што тој му ја дава на Тачи.

Средбата Рама-Тачи се случува по петочната посета на Приштина и ненајавена на Тирана на европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

За време на неговиот кус престој во Тирана, во петокот навечер, Хан се сретна единствено со Рама, со кој повеќе од сигурно е дека разговарале и за оваа одлука на Приштина.

ЕУ во неколку наврати побара укинување на царините воведени од Приштина на увозот на српските производи, а вчера портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека ставот на ЕУ „и понатаму е јасен и повторно ја нагласуваме итноста за укинување на тие мерки“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...