Подготвен Регистар на оператори со органски производи

Швајцарската агенција за развој и соработка му помогна на Министерството за земјоделство да го изготви Регистарот.

105

Преку 600 оператори со органски призводи се опфатени со Регистарот на органски оператори во земјава, а опфаќа производители, преработувачи и трговци.

– Регистарот содржи податоци за секој производител, преработувач и трговец со органски производи, но доминираат производителите. Практично, се овозможува пристап до информации во секое време за тоа каде има органски производи, кој ги произведува и каков вид органски производи се нудат. Во регистарот се наведени и контакти на операторите, па кој сака може директно да ги искомуницира- вели за МИА Габриела Мицевска од ИМЕ Програмата што ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка.

Швајцарската агенција за развој и соработка му помогна на Министерството за земјоделство да го изготви Регистарот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...