Анализата на Пендаровски дека поради непопуларни политики доживеале лош резултат е во линија со очајните внатрешни анализи за дебаклот.
Ај уште еднаш да пробаме. Наводно најнепопуларната одлука за промена на името, луѓето ја прифатија, ја проголтаа, затоа што оние што сега не гласаа, препознаа добра и мудра државна политика. И престанете тоа да го користите како алиби и сами да си ги рушите здравите политики.
Е сега, дека дел од тие политики беа и амнестии и тендери, тоа е факт, но тоа пак мислам дека потпаѓа и се амортизира со излезот од изолација и новиот национален идентитет.
Тоа што луѓето не ви го простуваат се криминалот и корупцијата, клиентелизмот, рекетарството, затвореноста, саможивоста, кои ги потсетуваат на ВМРО и од кои очајно луѓето бараа излез.
Тука влегува и потрагата по поголема еднаквост и правда.
Оттука, не се непопуларните политики проблем, туку напротив, немањето политичка волја и бегањето од непопуларни политики, како расчистување на администрацијата и партиските вработувања, скратување на привилегиите за политиката, контролирање на самоволието на локалната власт, дивеењето на бизнисот, несправувањето со загадувањето, животната средина, растот на цените, бесмисленото трошење и задолжување.
Не се непопуларните политики проблем, нивното отсуство е проблемот.