Погребот на Авичи ќе биде приватна церемонија

353

Починатиот шведски диџеј ќе биде погребан на приватна погребна церемонија, на која ќе присуствуваат само оние кои му биле најблиски во текот на животот.

Пред околу еден месец, Тим Берглинг, познат под сценското име Авичи, беше пронајден мртов во Оман. Семејството на музичарот потврдило дека погребот ќе биде приватен.

Официјалната причина за смртта на Авичи уште не е потврдена, но неговото семејство во соопштение неколку дена по трагедијата алудираше дека се работи за самоубиство.

Во 2016 тој се повлече од настапи и турнеи поради здравствени причини. Почина на 21 април, на возраст од само 28 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...