Поголема заштита на правата од интелектуална сопственост носи повеќе странски инвестиции

Бројот на странски директни инвестиции е во правопропорционален сооднос со степенот на заштита на правата од интелектуална сопственост.

308

Создавањето на национален систем на заштита на индустриската сопственост и култура за значењето на оваа област има значајно влијание врз националниот економски раст, кој се базира на знаење и иновативност, изјави заменик претседателот на Европскиот патентен завод, Жељко Топиќ .

Тој денеска присуствуваше конференција на тема: „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“, организирана по повод 25-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.
Топиќ, се осврна на плодната соработка што европската организација ја има со Заводот дури и пред добивањето на полноправно членство.

Министерот за економија Крешник Бектеши потпирајќи се на спроведено истражување рече дека бројот на странски директни инвестиции е во правопропорционален сооднос со степенот на заштита на правата од интелектуална сопственост.

– При тоа од особена важност е издржаната правна и политичка рамка за промовирање на новите решенија кои претставуваат одговор на пазарните барања.Регулативата на Република Македонија во оваа област е хармонизирана со меѓународните стандарди за заштита на правата од интелектуална сопственост. Тоа овозможува ефикасна заштита на овие права и поголема правна сигурност за странските компании, а воедно и подобрување на инвестициската клима во државата – рече Бектеши.

На свеченоста беше промовирана „Монографија за 25-годишнината на ДЗИС“, а во работната сесија учествуваа експерти и претставници од Европскиот патентен завод, Светската организација на индустриска сопственост, Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија и Фондот за иновации и технолошки развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...