Авионот со кој лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун неделава пристигна во Кина официјално се нарекува „Чамае-1″ (гугутка – птицата национален симбол на неговата земја). Сепак, некои западни медиуми го нарекоа леталото – „Ер форс Ун” – како изведенка од „Ер форс Уан” и името на лидерот.
Авионот е произведен во Советскиот Сојуз, и е украсен со натпис „Северна Кореја“, знамето, грбот и уште еден натпис кој вели: „Претседател на Комисијата за државни работи”, како што гласи официјалниот назив на функцијата на Ким.
Лидерот на Северна Кореја не е претседател на земјата, оти таа титула сѐ уште му припаѓа на неговиот дедо Ким Ил-сунг кој почина 1994 година.
Ретки се приликите да се види внатрешноста, а снимките се преземени од севернокорејските медиуми. На масичката од лакирано дрво, се гледаат телефон, рутер и лаптоп во сребрена боја.
Но, и покрај префинетиот изглед, познавачите изразуваат сомнеж во безбедноста на авионот, пред се поради староста.
Ким и неговата сопруга првпат беа видени во авионот во 2014 година Ким редовно користи авион, за разлика од неговиот татко Ким Џонг-ил кој и не сакаше авиони, па патуваше само со воз.