Објавен е првиот трејлер за долго очекуваниот филм Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood), во кој главните улоги ги играат Леонардо Дикаприо и Бред Пит.
Тарантино, кој го напиша сценариото и го режираше и продуцираше филмот, бил инспириран од подемот на хипи културата во Лос Анџелес, во шеесетите години во минатиот век, на која ѝ сведочел како момче.
„Беше еднаш во Холивуд“ е сместен во 1969 година, и го следи холивудскиот актер Рик Далтон (Леонардо Дикаприо) и неговиот долгогодишен каскадер Клиф Бот (Бред Пит) кои живеат во соседството на актерката Шерон Тејт (Маргот Роби), жртва на озлогласениот култ на Чарлс Менсон.
Во филмот играат уште и неодамна починатиот Лук Пери, Ал Пачино, Демиан Луис и Тим Рот.