Повторно ќе се отвори случајот со силување против Асанж

111
ФОТО: EPA / STRINGER

Шведскиот државен обвинител следниот понеделник ќе објави дали или не повторно ќе отвори прелиминарна истрага за случајот со наводно силување, кој се водеше против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

„Обвинителот ќе ја објави својата официјална одлука на прес конференција“, соопшти Обвинителството.

Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон, откако Амбасадата на Еквадор му го укина азилот.

Пред четири години Шведското обвинителство соопшти дека се откажало од истрагата против основачот на Викиликс за два случаи на сексуален напад, затоа што застареле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...